Брзи ролнички од готови кори
Уште еден рецепт од моите експерименти со готови кори, кој испадна успешен.
Корите за пита ги сечеме надолж на пола. Состојките за премазот ги матиме со миксер, ако е малку потечно додаваме од гризот. Во друг сад го припремаме филот. Јас овој пат ги правев едните со кашкавал, салама, оригано и кечап и плус едни со сирење. И двете варијанти беа супер.
Се зема една кора и се премачкува со премазот, па се зема уште една кора се става над првата и таа се мачка. На почетокот се става од филот, се виткаат страничните делови кон внатре и се витка како ролат. На ист начин се виткаат сите ролнички.
Се редат на хартија за печење во голем плех и се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 мин. Оставете ги малку да се оладат и сервирајте ги, ако можете да дочекате да не ги пробате одма )
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови