Интересен појадок, по вкус и состав сличен на лазања, па поради тоа и го добија ваквото име.

Подготовка
1. Ги сечкаме морковот и кромидот во сечко, јас ги направив каша во нутрибулетот. Ги запржуваме на малку масло, па го додаваме меленото месо и растворениот фант. Убаво ја упржуваме смесата, а на крај ги додаваме зачините. Ја оставаме на страна да се олади.
2. Путерот го растопуваме на оган па го додаваме брашното на кратко да се упржи. Го додаваме млакото млеко постепено со постојано мешање, за да не ни се направат грутчиња. Ги додаваме зачините и мешаме на тивок оган додека смесата да згусне.
3. Корите ги делиме на две половини, кај мене имаше околу 20 кори. На секоја кора мачкаме од бешамелот, со силиконска четка. На последната кора ставаме половина од меленото месо, рендаме кашкавал и виткаме ролат. Така правиме два ролати.
4. Ролатите ги премачкуваме со разматено јајце насекаде и ги валкаме во сусам. Од ролатите сечеме парчиња со дебелина од околу 2 см и ги ставаме во намрсено тавче. Ролатите ги премачкуваме со јајце, некои со пармезан, некои со кашкавал, по желба.

Забелешка
Не сите ролати откако ги пресеков ги намачкав со јајце. На некои ставив само пармезан, на некои само кашкавал. Сакав да видам какви ќе бидат. И тие што не беа намачкани со јајце убаво се врзаа и убаво изгледаа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани