Ролати со спанаќ и сирење
Од овие состојки излегоа 8 ролати со по 3 кори. Може да се направат и со 4 кори и така ќе биде вкусно.
Подготовка:
1. Во тенџере се става топло млеко, квасец, масло и се остава да стаса на топло. Смеса ќе биде како за палачинки и со оваа смеса се премачкуваат корите.
2. Се зема една кора и се става од смесата 2 лажици на целата кора. Се премачкува и се става втората кора и пак се премачкува, па третата кора и одозгора рендано или дробено сирење измешано со спанаќ и јајце (види слика).Се витка во ролат и се става во подмачкана тава. Така се прави и со останатите кори.
3.Ролатите се сечат и со преостанатиот премаз се прелеваат и се наросува сусам. Се пече во загреана рерна на 200 С- 30мин.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани