Ролат со фил од ајвар
1. Изматете ги цврсто белките. Додавајте ги една по една жолчките и на крај редоследно останатите состојки за кората.
2. Смесата истурете ја во плех од шпоретот кој предходно сте го обложиле со пек хартија и печете 10на мин. на 200С.
3. Готовата кора сролајте ја во влажна кујнска крпа и оставете ја да подолади.
4. Потоа одвиткајте и премачкајте ја со ајварот. Наредете ги листовите кашкавал, па премачкајте со кајмак и кисела павлака или крем сирење и над сето тоа наредете ја мисиркината салама, па завиткајте во ролат.
5. Оставете го неколку часа во фрижидер пред да го исечите на парчиња. Доколку сакате можи одозгора да го премачкате со кисела павлака и да го украсите со зелени маслинки со пиперка.
Лиценца: Сите права се задржани