Гледајќи како мармаладот стои и никој не посега и правeјќи го претходниот ролат, кој успешно го снема, решив на 2-3 пати дел од него да употребам за ролати, но со различен сооднос на состојките за тесто. Kако симпатично се долови фотката, решив и овде да го споделам како избор на повеќе начини за кора.

Подготовка:

1. Белките со солта ги матиме во цврст снег. Постепено го додаваме шеќерот матејќи.

2. Откако ќе се стопи шеќерот ги додаваме жолчките, една по една и секоја ја матиме по околу минута време.

3. Со најниска брзина на миксерот ги додаваме течните состојки, па брашното и пецивото. Последниве можи, ако сакате и со шпатула да ги измешате.

4. Смесата се истура во плех од шпоретот, обложен со пек хартија и се печи на 180 C, додека коратa фати блага боја.

5. Топлата кора ја виткаме во ролат и кога ќе подизлади ја премачкуваме со мармалад, па завиткуваме ролат. Оставаме најмалку 2 часа на ладно да одмoри и сечиме парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови