Иматете ги белките со ванилата. Во посебен сад изматете ги жолчките и шеќерот па измешајте ги со белките. Додајте го брашното и пецивото. Тавчето за печење намачкајте го со малку зејтин и ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Печете во загреана рерна околу 15 мин на 170 степени. Кога е печена кората извадете ја од тавчето и ставете ја на мокра крпа завиткајте ја како ролат и оставете да се лади. Пола од слатката павлака стоплете ја на тивок оган и додајте го чоколадото, мешајте да се истопи чоколадото. Потоа оставете да се олади. Другата половина од слатката павлака изматете ја. Кога ќе се излади смесата со чоколадото изматете ја со миксер и додајте ја изматената слатка павлака. Измешајте убаво. На кората ставете го филот, потоа наредете ги бананите и завиткајте ролат. Јас го премачкав и одозгора со филот и му ставив исецкани лешници, а вие украсете по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови