Во сад го ставаме мешаното мелено месо и додаваме мешан сув зеленчук, кромидот претходно ситно исецкан, јајце, павлака, кечап, оригано, црн пипер. Оставаме да преноќи во фрижидер потоа е спремно за ролување.

На најлонска фолја ја редиме половината од чадената сланина врз неа ја нанесуваме смесата од месо ја распоредуваме и ја редиме одозгора преостанатата сланина. Виткаме ролат и го ставаме во претходно намрсено калапче. Додаваме по потреба уште малку масло. Печеме во загреана рерна на 200С околу 15-20 минути за да зарумени сланината.

За прилогот
Во меѓувреме ги вариме компирите добро ги цедиме и ги пасираме со рачна пасиралка. Откако ќе испасираме добро да нема грутчиња и ја додаваме киселата павлака, маргаринот, зачини, сол и млеко по потреба по продолжуваме да пасираме уште малку(околу 5мин) да се соединат сите состојки.
Кога ќе се испече ролатот го сечеме на парчиња и го приложуваме со пирето.

Лиценца: Сите права се задржани