Во дел од млекото растворете го прашокот за пудинг од слатка павлака со една лажица шеќер.
Остатокот од млеко и шеќер загрејте го до пред вриење и потоа додадете го растворениот прашак и сварете крем пудинг.

Тргнете од рингла и додајте го чоколадото искршено на коцки и иситнетиот путер.
Мешајте додека не добиете мазна смеса. Доколку сакате побрзо тогаш измиксирајте го.

Врз секоја кора се ставаат по 6 полни лажици од пудинг кремот дури и на таа најгоре.

Оставете ја на ладно барем еден час, па потоа филовајте одозгора со слатка павлака или шлаг кој ќе го исшарате со чоколаден прелив.

Сечете на штангли или коцки и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови