Изгледа комплицирано - но не е. Овој рецепт за обожавателите на ржан леб спреман со стартер. Рецептот е на Линда, топло е времето и без проблем може да се спрема, без да се грижиме дали ќе ни успее стартерот - нормално понатаму и лебот. Овде топлината е главната улога за целосен успех.

ПОДГОТОВКА НА СТАРТЕРОТ
1. Во тегла ставете одмереното брашно, водата и јогуртот. Со лажица разматете и оставете да стои два дена до негова целосна ферментација. На третиот ден се замесува лебот.

ПОДГОТОВКА НА ЛЕБОТ
1. Во сад измешајте ги двата вида на брашното, додадете стартерот и водата, со лажица измешајте - тестото е многу меко. Покријте и оставете да стои околу половина час, одкријте го тестото и сега додадете ја солта. Мешајте околу 3-4 мин. Сега префрлете го тестото во поголема вангла која сосема малку ќе ја подмачката со зејтин, покријте и оставете нека стои околу 2,1/2 часа. Се разбира дека треба да е на топло.
2. Тестото за ова време веке стасало, префрлете го на побрашнета работна површина и од него формирајте два леба, префрлете ги на побрашнета крпа и оставете повторно да стасува околу 2 и 1/2 часа.
3. Рерната пред истекот на ова време, вклучете ја, поставете сад со вода и треба веќе да врие кога лебот ќе го ставите да се пече.
4. Печете го 10 мин. на 230 степени, потоа отворете ја рерната, извадете садот со водата и нека продолжи да се печи уште 15 мин. но намалете ја температурата за некој степен - зависи од рерната, јас го печам за цело време на оваа температурата.

ЗАБЕЛЕШКА
- Јас, како и автортката на рецептот, на размесениот леб го ставам крпата или чаршавчето, па потоа така покриено го преместувам во длабок сад и го оставам да стасува. Ова поради тоа што е многу меко тестото, за да после ми биде полесно за префрлање во тавчето.
- Го печам во модлите на раскопчување, го покривам дното со хартија за печење. Откако стаса веќе формираниот леб ја поставувам модлата врз него и само го преобркам садот во кој што стои лебот.
- Во моментот кога ја вадам водата после 10-те мин,. печење само го одкопчувам обрачот и истиот го вадам, оставам понатаму да се допече.
- Лебот е чудно мек, сунгераст и вкусен. По мој вкус малку ми е посолен, затоа напишав од 20 до 23 гр. сол. Јас сатавам и помалку.
- Сега во топлите денови нема проблем околу стасувањето, а во зиме навистина треба да се погрижите за да квасот и тестото константно бидат на топло. Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани