Рембрант торта
За љубителите на чоколадо ова е една чоколадна фантазија, торта во која се ужива буквално секој залак, со избалансиран вкус на бадеми и чоколадо. Мене лично една од поомилените. Подготовката е следна
1. Во подлабок сад за матење ставете го путерот, кој претходно стоел на собна температура и пенесто изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер.
2. Во изматениот путер една по една додавајте ги жолчките, а белките оставете ги во друг сад на страна. Матете додека да добиете мазна смеса.
3. Во садот додајте ги мелените бадеми и мелените бисквити и 100 гр растопено чоколадо, притоа внимавајте чоколадото да не е многу топло.
4. Изматете ги посебно и белките во цврст снег, па соединете ги со претходната смеса. Со лажица полека промешајте ја смесата да се изедначи.
5. Истурете ја смесата во округла тава за печење (мојата беше број 26) и печете го тестото во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути
6. Испеченото тесто оставете го убаво да се излади за да можете да го исечете на половина.
Во меѓувреме подгответе го филот. Во сад на пареа растопете го чоколадото со путерот ( најдобро е да одберете чоколадо со поголем процент на какао во него) и додека е уште топла смесата додајте ја слатката павлака. Оставете кремот да се излади, а воедно со ладењето и да се згусти.
7. Тестото поделете го на два дела така што ќе добиете две кори. Врз првата кора нанесете го изладениот фил и поклопете со втората кора. Оставете тортата убаво да се излади во фрижидер.
8. На крај растопете го преостанатото чоколадо со 50 гр путер и прелијте ја тортата. Украсете со мелени бадеми и уживајте.
Искрено кога ја правев тортава прво што помислив е нашата Маја- ВикиАнеМаја и нејзините убавици кои уживаат во ваквите чоколадни вкусотии, па Маја ве чекам на гости
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
:)
Ама морам да признаам тортава ме бендиса ептен се надевам поканата за гости стои уште отворена.Честитам за *одличниот*избор:)поздрав...
Браво и честитки за изборот.