22
јан
2015
Резанци со фил од мелено месо и праз
Ова е брзински рецепт за оние кои сакаат брзо и вкусно да јадат, а не им се меси зелник )))
Сварете ги резанците.
Во тава со масло испржете го ситно дробениот праз. Додадете го меленото месо и пржете додека испари течноста од него.
Откако убаво ќе се испржи, додадете го црвениот пипер и зачинете. На крај скршете ги јајцата и брзо промешајте.
Филот е готов. Можи да го сервирате врз веќе наполнетите чинии со резанци или пак, едноставно да го измешате заедно со нив и потоа да сервирате.
Лиценца: Сите права се задржани