15
дек
2021
Растурено бурито со ореви
Убав, вкусен ручек. Mерак за децата.
Подготовка:
1. На парче тортиља намачкајте го сосот подготвен од грчки јогурт и кечап. Врз него посипете сецкана марула и младо кромитче. Марулата може да оди и на цели листови врз сосот.
2. На страна запржете го пилешкиот стек со соја сос, па додајте го врз тортиљата. Посипете ја пченката и црниот грав. Ставете ги ситно сецканите ореви. Ако сакате зачинки доставете си. Јас обожавам чили.
Имате готово преубаво растурено бурито.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови