Растурено бурито со ореви
Состојки
- 1 тортиља
- 2 лажици црн грав
- 1лажица пченка
- 200 гр пилешки стек
- 1лажица соја сос
- 2-3листа ајсберг салата или марула
- 5-6 оревчиња
- Сос
- 1лажица грчки јогурт
- 1 лажиче кечап
Подготовка
Убав, вкусен ручек. Mерак за децата.
Подготовка:
1. На парче тортиља намачкајте го сосот подготвен од грчки јогурт и кечап. Врз него посипете сецкана марула и младо кромитче. Марулата може да оди и на цели листови врз сосот.
2. На страна запржете го пилешкиот стек со соја сос, па додајте го врз тортиљата. Посипете ја пченката и црниот грав. Ставете ги ситно сецканите ореви. Ако сакате зачинки доставете си. Јас обожавам чили.
Имате готово преубаво растурено бурито.
Нека ви е слатко.