Белките ги матите со шеќерот во цврст крем, потоа ги додаваме мелените бисквити и какаото промешуваме со лажица. Печеме во тавче 24 см на 220 степени.
Правиме уште два вакви пандишпани.
Подготовка на жолчките на пареа.
Жолчките ги промешуваме со шеќерот. Кремот го вариме на пареа на умерена температура додека да се згустат.
Подготовка на крем 1 
Половината од млекото заедно со шеќерот го ставаме да зоврие во преостанатото го раствараме густинот и го додаваме во врелото млеко да се згусти кога е густ кремот ја додаваме чоколадата и тргаме да се олади кремот. Кога ќе се олади кремот го соединуваме со претхотно изматен маргарин со половина од жолчките на пареа. Пробуваме ако е потребно додаваме шеќер во прав и пак промешуваме ги додаваме и сецканите ореви или лешници по ваш вкус
Подготовка на крем 2
Во половината од млекото додаваме шеќер и го оставаме да зоврие. Во преостанатото го раствараме пудингот и го додаваме во зовриеното млеко и мешаме додека да се згусти и ја додаваме чоколадата мешаме да се растопи и тргаме на страна да се излади.
Изладениот крем го соединуваме со претходно изматен маргарин со преостанатите жолчки на пареа проверуваме дали е доволно благ кремот ако е потребно додаваме шеќер во прав.
Подготовка на премазот на корите.
Слатката павлака ја загреваме, но внимаваме да не проврие. Ја додаваме чоколадата и путерот од кикирики мешаме да се растоп. Тргаме да се излади кога е изладено го матиме со миксер да се згусти.
И ги премачкуваме корите.
ФИЛУВАЊЕ 
Кора, половината од крем 1, еден слој од изматената слатка павлака, кора, целиот крем 2, слатка павлака, кора и втората половина од крем 1 . Убаво измазнете и доколку ви останала слатка павлака декорирајте по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови