Разнобојни колачиња печени во чаша
Овој колач нема да ви одземе многу време, а ќе ве воодушеви и со вкусот и со изгледот.
Во еден сад изматете го јајцето и постетпено додавајте го шеќерот кога ќе се растопи шеќерот додајте го маслото и млекото и повторно матете. На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица.
Сместа делете ја на 4 еднакви делови и во деловите додајте бои по желба.
Земете 3 исти чаши и премачјате ги со масло и посипете ги со брашно. Потоа ставајте по едно лажиче од сите бои подеднакво во сите 3 чаши додека да се потрошат смесите.
Ставте ги чашите во еден плех и потоа ставете ги во рерна загреана на 200С и печете околу 30мин.
Откако ќе се испечат оставете ги да се изладат и потоа пресечете ги на кругови.
Добар апетит.
Забелешка-немојте да се обидувате додека се врели да ги извадите од чашите колачите затоа што може чашите да ви се скршат треба се да се оладени за да можете да ги извадете, но со помош на нож поминете ги краевите на колачите.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D0%BC%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%B0/