Еден поинаков рецепт за подготовка на пуслици...

Подготовка
1. Белките заедно со шеќерот ги ставаме на пареа додека да ни се растопи шеќерот со постојано промешување со рачна маталка. Проверуваме дали се готови со тоа што кога ќе земеме од смесата од краевите на садот и ја поминеме низ прсти таа е мазна и нема шеќер низ неа.
Ја оставаме да се излади, а ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 100 степени (вклучена на долен и горен грејач).
2. Со салфетка која ја натопуваме во оцет го пребришуваме садот во кој ќе ги матиме белките со шеќерот.
3. Ги матиме со миксер околу 8-10 минути или додека смесата ни стане многу густа.
4. Ја делиме во садови во кои додаваме прехрамбена боја и повторно миксираме.
5. Ја ставаме смесата во шприц и ги распоредуваме на хартија за печење.
6. Ги сушиме/печеме околу 1 час.
7. За двобојните или тробојни пуслици,раствораме од бојата во помало количество на изматените белки. Со помош на четка ставаме во вертикална линија на ѕидовите од кесичката од шприцот, па додаваме бел снег од белки или снег во друга боја.

Забелешка
Во однос на белките кои се користат во рецептот најдобро е дупла доза на шеќер во однос на грамажата на белките.
Ако не сакате на пареа може да ги ставите и во тенџере и на многу ниска температура на рингла, и така може да се раствори шеќерот, со постојано мешање.
Иако јас користев прехрамбени бои во прав, мислам дека е најдобро да имате течни густи бои...Тие подобро се раствораат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани