Проја мафини со џимиринки (чварки)
Во длабок сад ги мешаме сите суви состојки.
Во друг сад го матиме јајцето со малку сол, го додаваме млекото, па јогуртот.
Сето ова го додаваме на сувите состојки. Убаво изедначуваме. Додаваме и малку ким.
Во намрсен калап за мафини излеваме од смесата - 2/3 од висината на вдлабнатината. Наросуваме со ким.
Ставаме да се печат во загреана рерна на 180 степени додека убаво поруменат.
На здравје!
*Чашата е од 250мл..
Лиценца: Сите права се задржани