Принцес торта
Најпрвин започнуваме со подготовката на пудинзите, 2-та пудинга од ванила ги вареме со 750 мл млеко и со 7 лажици шеќер, откога ке и свареме ги ставаме на стран да се оладат. Во мегувреме ги матиме маргаринот и шеќерот во прав откога маргаринот ке стане пенест во садот го додаваме и добро изладениот пудинг и продолжуваме да матиме со миксер се додека не добиеме хомогена смеса.
Во друг поголем сад на страна го ставаме кокосот и ги сечеме на ситно бананите, убаво размешуваме па ги додаваме претходно искршените бисквити и пак размешуваме и на крај ја додаваме смесата со пудингот и убаво мешаме со лажица се додека смесата не се изедначи.
На крајот тортата ја обликуваме по желба и ја декорираме со два шлаг крема од ванила подготвени според упатството.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови