Прилог од ориз со домати или доматен сос - посно (рецепт од Народен кувар 1976)
Лесен и брз рецепт, посен, вкусен и може да стои во фрижидер без проблем. Дозата е голема, доколку сакате намалете ја.
Во подлабок сад ставете го маслото да се загрее. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пропржи. Додадете го и оризот и пржете ги заедно неколку минути.
Додадете го сосот од домати, поклопете и оставете на тивко да се вари. Промешувајте по потреба.
Сервирајте го како прилог, иако нам ни беше главно јадење од како додадовме кисело млеко.
Феноменално ќе биде со сув босилек, но немавме во моментот дома
Тоа е тоа!
Доколку сакате можете да го направите со свежи домати, изрендани или низ џусер, можете да го направите со сос од домати кој ќе го разредите.
Лиценца: Сите права се задржани