
26
фев
2016
Пржено свинско со печени компири и морков
1. Свинското месо се сече ситно, се обарува и се посолува, потоа се запржува со свинска маст.
2. Компирите се сечат, а ренданите моркови се пржат со исецканиот кромид со масло.
3. Компирите со пржените кромид и моркови се ставаат во тавче, се додава врела вода колку да дојде до половина од компирите. Се додава сол и мед и се промешува.
4. Компирите се печат во загреана рерна на 200 степени до готовност. Прженото месо го ставаме во чинија и го додаваме компирите, а по желба може да се наросат со сув магдонос.
Медот се додава бидејки компирот го прави повкусен и мек.
Лиценца: Сите права се задржани