Прженици со полнење од праз, сирење, јајце
Рецептов го најдов на интернет. Ме заинтересира мајонезот како состојка во тестото. Воодушевени сме од нивниот вкус. Надвор се крцкави, а внатре меки се како памук. Полнењето таму беше од карамелизиран кромид со мелено месо. Јас ставив фил по наш вкус. Топла препорака да ги подготвите за вашите најмили. Напомена, тестото е прилично меко замесено. Но на малку намастена работна маса многу лесно се формираат.
Подготовка
1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат активираниот квасец, сол, мајонез, јајце. Со вилушка убаво се соединуваат сите состојки. Се додава постепено брашно и се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Потоа се дели на 16 или 18 топчиња на малку намастена работна маса. Се покриваат со фолија. Се зема првото топче и се расукува во мало правоаголна кориче. Прво со прстите, па потоа со сукало.
Се става полна лажица фил. Краевите се прибираат навнатре, да не истечи филот. Се витка како ролатче. Спојот се притиска со прстите, да не се отворат при пржењето.
4. Се пржат на умерен оган (од 1 до 9, пржев на 6). Ги превртуваме од сите страни да заруменат. Се редат на хартиени салфетки. Се послужуваат топли со чаша јогурт.
На здравје убавинава.
*Забелешка - За филот, на загреано масло го испржив ситно сецканиот праз, зачинив. Од кога се излади додадов дробено бело сирење и јајце.
Лиценца: Сите права се задржани
Prevkusni bea
Nazdravje da vi se
I kaj mene ke bidat redovno na meni
Od istoto testo planiram da isprzam i pisiiiii
Poz Ubav den