Пржени јаболка со цимет и коњак
Јаболката се сецкаат на парчиња по должина. Дебелината на парчињата треба да е околу 4-5 мм. Во загреана тава се става малку путер за тавата да се намрси. Се додаваат јаболката и веднаш потоа се додава шеќерот. Се меша полека со дрвена лажица и се внимава да не се изгмечат јаболката. Кога убаво ќе се пропржат (10тина минути) се додаваат бадемите и повторно внимателно се меша. Се пропржува уште 5-6 минути и е додава сокот од портокал (може и од лимон доколку сакате посвеж вкус) и се наросува цимет. На крај се додава коњакот или румот, зависи што сте одбрале. Се пропржува така уште 2-3 минути и се трга на страна.
Брзо откако е готово треба да го подготвите за сервирање, затоа што ако стои во тавата може да се залепи за неа. Освен како посебен десерт можете да го служите и со палачинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ми дојде идеја истово дека можеби може да се направи со крушки (веќе го замислувам мирисот..м м м м ) и дуњи :)
фала за рецептот, одам да го излижам тањирот од вчера што е останат :) :) :) :)