Од познатата рецепта Тирамису пробав да експериментирам и со што додадов во кафето лут ѓумбир во прав, кој дава поизразен вкус на тортата.

1. Во 400 мл вода ги вариме кафето и шеќерот ( 1 лажица ) , потоа ги додаваме ѓумбирот и коњакот.
2. Жолчките ги двоиме од белките и ги матиме со миксер заедно со кафеав шеќер додека да се раствори шеќерот.
3. Потоа на жолчките додаваме маскарпоне и со лажица промешуваме да добие хомогена смеса.
4. Белките се матат со миксер до згуснување и полека се додаваат кај кремот.
5. Во млакото кафе ги топиме бисквитите и се редат во тавчето едно до друго и се нанесува половината од кремот. Потоа пак редиме бисквитите и покриваме со преостанатиот крем.
6. Тортата се посипува со претходно ситно изрендано чоколадо и се става во фрижидер да отстои цела ноќ.
7. Пред да се послужи тортата се посипува со какао.

Маскарпоне и јајацата за приготвување треба да имаат собна температура.

Наместо коњак може да се става рум или ликер од какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани