
2
ное
2011
Пржени лигњи
Лигњите се чистат на тој начин што им се извлекува прозирната рскавица и се одстарува кожичката,дробот и црнилото.Ќесињата и пипилата се мијат и се исцедуваат.Ќесињата се сечат на 1/2 цм широки тркалца ,се посолуваат,се панираат на париски начин и се пржат. Исто така и пипалата се панираат. Пржените лигњи се служат со лимон.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови