Припрема
- Исчистениот и измиен спанаќ бланширајте го, исцедете, исецкајте го, но и не мора.
- Кромидот, лукот, свежата миродија исецкани ставете на масло да се запржат, додадете го исцедениот спанаќ, пропржете уште малку, додадете го оризот. Нека се пржи заедно, додавајки на крај и црвениот мелен пипер. Залијте со вода, ставете во загреана рерна да се вари.
Додека се вари, кога е веќе при крај, спремете ја заливката, која фактички преставува еден вид Бешамел.
- Во касерола ставете млекото, брашното, маслото и сето тоа ладно разбркајте да нема грутчиња од брашното. Ставете на оган, варете додека стане како крем, тргнете од огнот и во него додадете ги јајцата кои со вилушка сте ги сматиле.
Извадете тавката од огнот, залијте со заливката и вратете во рерната. Готово е кога ќе се потпече заливката.
Прекрасно е...
Напомена
Во заливката доколку сакате изрендајте и кашкавал, измешајте и залијте. Посипете доколку сакате и со мешавина од мелен бибер. Јас најчесто ја правам со кашкавал како што гледате на фотографијата.
Колиличината на водата секогаш ја ставам во сооднос 1 х 3 - една мера ориз - три мери вода.
Нека ви е слатко - послужете со кисела павлака или млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани