Измешајте го какаото и водата. Во друг сад помешајте го брашното, прашакот за пециво, содата и солта.
Путерот и шеќерот ставете го на пареа додека сиот путер не се растопи, а кога ќе добиете еднолична смеса тргнете го садот и мешајте со миксер додека не се олади. Потоа додадете едно по едно јајце. Додадете ја мешавината од вода и какао и добро измешајте. Додадете ги останатите состојки и на крај киселата павлака.
Наполнете ги калапите за мафини, но најмногу до 3/4 од висината. На средината на секое полнење ставете по 1 лажица Нутела крем.
Печете на 180 степени околу 20 минути. Оставете потполно да се олади.
Подготвувањето на кремот/слатката павлака се мати со миксер се декорира по желба. На оладените мафини нанесете го кремот. Чоколадните мафини се подготвени за послужување

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови