Прасенца со вкус на пица
Го зафаќаме квасецот и го оставаме да надојди. Потоа го додаваме брашното, растопениот маргарин, јајцата и постепено го додаваме јогуртот. Месиме да добиеме средно меко тесто и го оставаме да надојди. Кога ќе надојди го делиме на два дела и ги сучиме во кора. Со помош на чаша сечиме кругови и на половина од добиените ставаме фил, а со другата половина ги покриваме. Со тапа од шише сечиме круг и тој круг го сечиме на 4 делови за да ги добиеме ушите. Зрната црн пипер ги употребив за очи, а за носот од корите земете по малку тесто и направете топче и закачете по две скршени чечкалици. Премачкајте ги со жолчка и оставе уште 10 мин. а потоа печете на 200 степени околу 25 мин. Идеални за детски прослави!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
dekorativni se mnogu