Празничен гауда ролат
Екстравагантен изглед и вкус. Толку ќе кажам. Случајно подготвен, но многу успешен рецепт.
Збогатете ја вашата празнична трпеза со ова ладно предјадење.
Подготовка:
1. Во потесна правоаголна тава ставаме хартија за печење. Расфрламе афион по неа. Ги редиме листовите гауда во 4 реда по 2 парчиња или во 3 реда по 3 парчиња.
2. Во сад ги соединуваме ситно сецканите кисели краставички, сецканата црвена пиперка и сецканиот спанаќ, крем сирeњето.
3. Сега тавата ја ставаме во рерна загреана на 100 степени. Нека стои само 2,3 минути, колку да се стопи гаудата. Го вадиме плехот од рерната.
4. Нежно го размачкуваме филот. Завиткуваме ролат. Убаво го стегаме. Го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер да се излади и стегни. Го сечиме на парчиња и го послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Toa mesoto e suva, cadena pecenica
Imam i jas tuka postaveno 2,3 rolati so topenje na kaskaval
Mn gi sakam
Em licno, em vkusno predjadenje e