Подготовка:
Во плехот од рерната ставаме хартија за печење. Ставаме листови гауда така да се преклопуваат. Ја вклучуваме рерната да се загрее. За тоа време ги бланшираме листовите спанаќ и ги процедуваме/просушуваме. Во еден сад ставаме варено јајце, сечкан морков, зачини, грашок и промешуваме и го ставаме садот во фрижидер на 10 минути. Плехот со гаудата го ставаме во загреаната рерна на кратко 4-5 минути додека почне да се топи гаудата. Вадиме од рерна и врз гаудата ставаме бланширан спанаќ, го ставаме филот и убаво го распоредуваме. Веднаш го виткаме во ролна, го ставаме на алу фолија и го виткаме како бомбона и го ставаме во фрижидер околу 2 часа. Потоа го сечеме на тенки парчиња и сервираме.