Тестото се замесува и се остава да одстои 45мин до 1ч. Потоа се размесува и се остава повторно да кисне уште половина час до 45 мин.
Тестото се расукува и се сечат коцкасти форми.
Додека се подготвува тестото се загрева маслото за пржење. Битното е маслото да биде многу загреано, бидејќи се пржат кратко време на силен оган. При пржењето на крофничките, секогаш на едната страна се надувуваат и се добива една неправила форма, а внатре се воздушести.
Можат да се јадат празни, или со шеќер во прав врз нив, или во солена комбинација, со сирење или јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови