Појадок во чаша
Една од омилените состојки ми станаа овесните снегулки.
Почнав од неодамна да ги користам во појадокот,па пронаогам често разни начини,како да ги конзумирам.
Еден од едноставните а навистина убав појадок ми е овој со јогуртот и медот.
Не сакам да го оставам многу јогуртот да кисне со снегулките туку веднаш ги заматувам во нутрибулетотпа додавам мед.
Го конзумирам веднаш без да дозволам да се направат слоеви и да се разделат состојките.
По некое непишано правило,овесните снегулки треба да отстојат околу 15 минути да омекнат.
Мене искрено доволни ми се неколку минути, додека да спремам јогурт и мед.
Секој по вкусот и желбата.
Ако се одлучите за мојот начин на појадок,пробајте го овој рецепт.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Сабајлето штом го прочитав веднаш направив, само со млеко, додадов малини и лаж кокос, ама имам јаворов сируп, вкусно, ти благодарам за идејата