Поховано месо во обланда
Ситно сечканиот кромид пржете го заедно со меленото месо на загреано масло. Додадете ги шампињоните и ситно сецканиот лук, посолете и зачинете. Тавата со испрженото месо тргнете ја од оган и оставете да излади.
Обландите свиткајте ги во влажна кујнска крпа за да омекнат.
На покрупната страна од рендето изрендајте ги јајцата и краставичките и додадете ги во тавата со месо. Убаво измешајте.
Половина од филот премачкајте преку целата обланда и свиткајте ја во ролат. Повторете ја постапката и со другата.
Ролатите можите да ги оставите да се изладат или одма да ги сечите на коси парчиња со дебелина од најмалку еден прст.
Секое праче обланда свалкајте го прво во брашното, па во разматените јајца и на крај во презлата.
Пржете ги во тава на оган со поголема количина загреано масло од двете страни.
Испржените обланди со месо одложете ги на чинија обложена со салфетка за да се впие непотребната мрснотија од пржењето.
Убави се и топли и ладни, уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
Дани, имам искуство јас со тегава обланда во блага верзија и мислам дека во прашање е тоа што филот бил потечен, па тие упиваат од него и така стануваат тегави кога се јадат.. Обландите за да се крцкави сакаат погуст фил, а во овој случај филот е таков, а и веројатно тоа што потоа се поховани едноставно, кога човек ке ги јади а да не го знае составот не ни сеќава дека во нив има обланда. (односно јас знаев, ама се чудев што се случи со обландата, како се стпои со се внатре) :)
Фала ви многу на двете, поздрав4е :)