Поховано месо во обланда
Состојки
- 2 листа обланди
- 500 гр мелено месо
- 1 гл. кромид
- 2 кисели краставички
- 400 гр шампињони
- 1 лажица мајонез
- 2 лажици кисела павлака
- 2 варени јајца
- 4 чешниња лук
- 2 лаж вегета, црн бибер, оригано
- * за поховање
- 100 гр лебни трошки
- 100 гр брашно
- 3 јајца
Подготовка
Ситно сечканиот кромид пржете го заедно со меленото месо на загреано масло. Додадете ги шампињоните и ситно сецканиот лук, посолете и зачинете. Тавата со испрженото месо тргнете ја од оган и оставете да излади.
Обландите свиткајте ги во влажна кујнска крпа за да омекнат.
На покрупната страна од рендето изрендајте ги јајцата и краставичките и додадете ги во тавата со месо. Убаво измешајте.
Половина од филот премачкајте преку целата обланда и свиткајте ја во ролат. Повторете ја постапката и со другата.
Ролатите можите да ги оставите да се изладат или одма да ги сечите на коси парчиња со дебелина од најмалку еден прст.
Секое праче обланда свалкајте го прво во брашното, па во разматените јајца и на крај во презлата.
Пржете ги во тава на оган со поголема количина загреано масло од двете страни.
Испржените обланди со месо одложете ги на чинија обложена со салфетка за да се впие непотребната мрснотија од пржењето.
Убави се и топли и ладни, уживајте!