26
мај
2014
Поховани зденки и кашкавал со сусам
Не е нешто што некој не го знае или не го правел, ама можеби со сусам некој нема пробано.
Го матиме јајцето пенасто. Кашкавалот и зденките прво ги валкаме во брашното, па во јајцето, па презлата и на крај во сусамот.
Се пржат во поголема количина на масло. Можете да декорирате со мајонез, сенф, варено јајце, печурки, со што сакате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови