6
дек
2020
Потаж од моркови и печурки подготвен во Мултифреш блендер (посно)
Супа со царски вкус...
Посебна благодарност до мојот колега Крсте, за сушените печурки тополки кои и дадоа посебен вкус и шмек на оваа крем супа или потаж.
Забелешка
Сите состојки насечкани на мали парченца ги ставаме во бокалот од Мултифреш блендерот. Залеваме вода на некои 2см под мах., го затвораме капакот и вклучуваме на програма варење и блендирање.
За 20 минути кога ќе ја заврши апаратот својата работа, сервирајте ја супата, залијте ја со маслиново масло. Ние по вкус и ставаме дополнително куркума во прав.
Уживајте во вкусот на оваа прекрасна крем супа.
Лиценца: Сите права се задржани