Фурнаринките се многу вкусни и крцкави, можете да ги комбинирате со разни салати и сосови или да ги приготвите за лесна вечера.

1. Во мал сад меленото ленено семе го полеваме со малку вода, се промешува и го оставаме да згусне.

2. Во сад за месење ги ставаме брашното и палентата, ги промешуваме.

3. Ги додаваме маслото, лененото семе, една лажичка кари, една лажичка сол, половина лажичка шеќер, сусамот и половина кесичка сув квасец и со млака вода замесуваме тесто. Тестото го оставаме на топло најмалку половина час или додека нарасне.

4. Го размесуваме тестото и го делиме на три еднакви делови. Од секој дел расукуваме не многу дебела кора и вадиме форми по желба. Формите ги редиме во тепсија обложена со хартија за печење и ги премачкуваме одозгора со масло и со вода.

Печеме во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови