Посни сендвич колачиња
Подготовка
1. За филот, од конзервата кокосово млеко одвојте го цврстиот дел. Изматете го со јаворовиот сируп и ванилата и оставете го во фрижидер.
2. Овесните снегулки обработете ги во процесор за храна, заедно со солта, додека да добијат брашнест изглед. Додајте ги урмите и путерот и обработете до соединување (ова може да потрае).
3. На работна површина поставете лист хартија за печење. Истурете го тестото за колачиња врз хартијата. Поклопете со уште еден лист и расукајте кора со дебелина околу 1 цм. Извадете форми со чашка или калапче. Реобликувајте го тестото додека да го искористите целото. Треба да добиете парен број на колачиња.
4. Врз половина од колачињата распоредете го со лажица филот од кокосово млеко. Врз тоа, ставете по една мала лажичка мармалад. Одозгора поставете ги останатите колачиња. Не притискајте, само нежно допрете ги. Оставете ги во замрзнувач околу 30 минути.
5. Чоколадото растопете го со кокосовото масло и оставете го 15-20 минути да се олади. Извадете ги колачињата од замрзнувач и обложете ги со чоколадо. На здравје!
*кокосовото млеко мора да биде отстојано во фрижидер, најмалку преку ноќ и да биде одвоен цврстиот дел од водичката. Доколку е целото течно кога ќе ја отворите конзервата, не го користете за овој рецепт. Може и кокосов крем наместо млеко.
*јас користев путер од индиски ореви и одлично се вклопи, но може било кој друг путер од јаткасти плодови (кикирики, бадеми, лешници..)
*мармаладот е по избор, јас користев од вишни и од мандарини, исто така поцврст мармалад за да не се растекува
*ми излегоа 9 големи сендвич колачиња
Лиценца: Сите права се задржани