Во тенџерче на оган ги ставаме водата, шеќерот и ванилата да зовријат. Потоа го додаваме гризот и го вариме околу 5 минути. Го тргаме тенџерчето од оган и додаваме 150 гр кокос. Мешаме смесата убаво да се соедини. Земаме 2 лажици од смесата во сад и додаваме една лажичка какао. Mешаме
убаво.
Оставаме смесата да се излади. Потоа од кафеавата смеса правиме околу 25 мали топчиња. Земаме од белата смеса праиме топче, го расплескуваме во рака и на средина ставаме кафеаво топче го затвараме и правиме бомбица. Ги валкаме во останатиот кокос(50 гр).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови