Подготовка
1. Сувите пиперки исчистете ги од семето, измијте ги и попарете ги со врела вода да омекнат.
2. На малку масло пропржете го исечканиот праз. Додајте го измиениот ориз, исечканите ореви и зачинете по вкус.
3. Исцедете ги пиперките и наполнете ги со оризот. Наредете ги на намрсена тава. Доматниот сос растворете го во вода и полијте ги пиперките. Додајте одозгора уште малку масло, прекријте ја тавата со фолија и ставете ја да се пече.
4. По некое време видете дали има доволно течност, ако има потреба дотурете уште топла вода. Пред крајот извадете ја фолијата, да се запечат малку пиперките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови