Испечати

Посни, полнети суви пиперки

Посни, полнети суви пиперки

Состојки

  • 12-13 суви пиперки
  • 1 праз
  • 250 гр ориз
  • 100 гр ореви
  • 250 мл доматен сос
  • 1 лажица црвена пипер
  • зачини- нане, сув зачин, бибер, лук во прав

Подготовка

Подготовка
1. Сувите пиперки исчистете ги од семето, измијте ги и попарете ги со врела вода да омекнат.
2. На малку масло пропржете го исечканиот праз. Додајте го измиениот ориз, исечканите ореви и зачинете по вкус.
3. Исцедете ги пиперките и наполнете ги со оризот. Наредете ги на намрсена тава. Доматниот сос растворете го во вода и полијте ги пиперките. Додајте одозгора уште малку масло, прекријте ја тавата со фолија и ставете ја да се пече.
4. По некое време видете дали има доволно течност, ако има потреба дотурете уште топла вода. Пред крајот извадете ја фолијата, да се запечат малку пиперките.