Посни парени колачи
Морам да признаам дека во последно време се повеќе се навраќам на постари рецепти, кои многу ме потсетуваат на моето детство, и кои ги наоѓам во тефтерот со рецепти од мајка ми.
Така е и овој пат, со овие посни парени колачи, кои се топат во уста.
Подготовка:
1. Во поголем сад ги ставаме сите состојки освен гризот и брашното, и мешаме додека се соединат, па потоа го додаваме брашното и гризот. Убаво го месиме тестото, а потоа добро измесено го делиме на два дела и во едниот додаваме какао.
2. Со помош на сукало ги сукаме двете кори и ги ставаме една врз друг, па потоа правиме убав ролат.
Вака добиениот ролат го оставаме 15-ина минути, да се подизлади, за да може да се сече подобро. 3.Сечеме парчиња околу еден сантиметар и ги ставаме на плех обложен со хартија за печење.
Ги оставаме околу 30на минути малку да нараснат, затоа не ги ставајте многу блиску во плехот.
Ги печеме во загреана рерна додека не добијат убава кафена боја.
4. Така испечени ги оставаме да се оладат добро, а во меѓувреме го правиме шербетот, и додека е тој сеуште врел ги налеваме ладните колачи. Ги оставаме да се впие шербетот убаво.
Превкусни лесни и брзи колачи за љубителите на парени слатки работи
Забелешка: да споменам шолјата е од 150 гр отприлика.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови