Активирајте го квасецот на вообичаениот начин. Потоа од состојките замесете глатко тесто.
Тестото поделете го на 2-3 дела, во зависност колку долги и во колкава тава ќе ги печите штрудлите и секое развлечете го во правоаголна кора.
Премачкајте ја кората со маргарин, а потоа со филот за кој сите состојки предходно сте ги измешале.
Завиткајте ролат, покријте и оставете го додека печката се загрее на 180С. Готова е кога убаво ќе отемни и на допир има цврстина.
П.С.: На сликата имате хаотично завиткана штрудла (ама јас си се тешам дека ми е баш цакана со вака пикасо изглед : ) ). Тоа е резултат дека заборавив презла да ставам во филот, па мармаладот ми лизгаше, а јас и работната површина не ја припремив добро брзајќи. Јас не сум постач, ниту пак многу по дома сакаме слатки теста, но ова не влегува во тој контекст... едноставно е превкусна, а мандарината му дава одличен шмек.
Мармаладот, секако дека по желба можи да го замените.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови