1. Сите суви состојки за тестото ставете ги во длабок сад и промешајте со жица за матење, за да се помешаат убаво. Додадете ја киселата вода, мармаладот и маслото и убаво измешајте за да се изедначи смесата.
Рерната загрејте ја на 200-220 степени/мојата рерна е без вентилатор и на оваа температура сите пецива најубаво ми се печат/.
Плехот од рерната намчкајте го со масло и покријте го со хартија за печење. Целата смеса турете ја во плехот и убаво порамнете ја. Ставете да се пече се додека не се зарумени. Проверете со чепкалка дали е добро печено. Извадете го и оставете да се излади малку, а потоа извадетеја хартијата/ тестото е многу рофито и меко, па затоа кога е топло се кине, кога ќе олади не се рони толку многу./
2. Подготовка на филот
Прашикот за пудинг, нишестето, ванилин шеќерот и шеќерот измешајте ги на суво. Од литарот вода одвоете околу 300мл и растворете ја смесата со пудинг. Во водата што се загрева може да се додаде половина од шеќерот за поубаво да се раствори.
Остатокот од водата загрејте ја до точка на вриење, па додајте го растворениот пудинг, мешајте додека не се згусне.Треба да биде многу густо. Оставете го да се излади.
Маргаринот изматете го да се добие бела пенаста маса и споете го со изладениот пудинг. За да не остануваат грутчиња од пудингот, пред да се спои со маргаринот, изматете го со миксерот и тој да биде кремаст, така полесно се спојува. Матете да се добие кремаста маса, додајте го ренданото чоколадо и со лажица или шпатула лесно помешајте.
3.Филување
Тестото се сече на три ленти, филот се дели на половина, а само малку се остава за горе, за само танок слој кој што ќе помогне да се залепат чоколадото или украсните трошки.
Се мачкаат лентите со филот /ако сакате претходно секоја кора мозете да премачкате со растопено чоколадо ,но и не мора/ и се редат една врз друга, последната трета кора само тенко ја премачкувате со фил и ја норосувате со чоколадо или украсни трошки, а може и со мелени и сецкани ореви...
Страните на тортат намерно се оставаат НЕ НАМАЧКАНИ .
Пожелно е тортата да одстои барем еден ден или една ноќ, а потоа да се сече, секако ако издржите да одстои, кај мене тоа не може да се случи. Се сече одма после саат време...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани