Погача со темјан (посно)
Погачава ја правев за празникот св Фануриј. Повеќето ја прават со девет состојки ама во мојов рецепт има единаесет состојки. Декорацијата се прави само доколку сакате.
Квасецот го активираме со малку млака вода и лажица шеќер.
Во сад за месење ги ставаме брашното, ванилиниот шеќер, шеќерот и сувото грозје.
Ја додаваме кората и сокот од еден лимон, маслото, темјанот и крстената вода.
Го додавеме активираниот квасец и по потреба млака вода и замесуваме меко тесто. Тестото убаво се меси и се остава да стасува на топло околу еден час.
Стасаното тесто се реди во плехот во кој ќе печеме(кај мене во делимано округла тава) и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Декоративни украси
Од наведените состојки се меси тврдо тесто и се прават форми по ваш избор.Се оставаат на собна температура околу половина час.
Кога погачата е печена околу десетина минути ја вадиме од рерна,мачкаме со вода и ги лепиме украсите.Враќаме да се допече уште дваесетина минути.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови