Начин на подготовка
1. Модриот домат исечете го на кругови со дебелина од 5 мм. Оставете го кратко во ладна вода во која сте ставиле малку сол. Исушете ги, и ставете ги круговите на плех на кој има хартија за печење. Печете кратко околу 10 мин во загреана рерна на 200 степени.
2. Во друга тава на умерен оган, на малку масло, пропржете го ситно исецканиот кромид. Кога ќе добие стаклест изглед, додајте ја и пиперката претходно исецкана на мали коцки. Во меѓувреме во електричен сецко ситно сомелете ги печурките. И тие додајте ги во тавата во која се пржи кромидот и пиперката, Кратко пропржете ги. Зачинете и на крај додајте додајте го оризот и ренданиот домат (или доматно пире). Оставете кратко на оган додека смесата да се издинста.
3. Испрженото зајре претурете го во соодтветна тава за печење. Од горе скалесто и во круг наредете ги круговите запечен модар домат. Попрскајте малку масло, налејте 200 мл вода и оставете ја тавата во рерна на 200 степени да се запече (додека да испари течноста).
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови