Насечкајте се, пропржете некоја минута и оставете рерната да готви за вас .....
Вкусна зеленчукова тава погодна за летниот период !

Исечкајте ја главицата кромид и ставете ја во тава со загреано масло, исечкајте ги пиперките и додадете ги во тавата, мешајте додека да омекнат. Додадете го лукчето и исечканите домати, пропржете уште малку, зачинете и тргнете ја тавата од оган.
Исечкајте ги на коцки компирите, црниот домат и тиквичката и ставете ги во друга тава со загреано масло и нив пропржете ги. Потоа ставете ги во земјена тава и преку нив наредете ги ливчињата свежо нане и додадете ги претходно испржените домати и пиперки.
Ставете ја земјената тава во рерна, приклучете ја рерната на 200 степени и откако ќе почне да врие, готово ќе биде по половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови