1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со дрвена лажица. Се истура смесата во длабока тава/плех од рерна и се пече на 200С-35мин.

2. Пудингот се вари во водата и внатре се додава шеќерот. Се лади пудингот и потоа се додава мекиот маргарин и се мати со миксер. Кога ке се добие хомогена смеса се додава алвата и таа во смесата. Се става филот врз печеното тесто и одозгора може да се стави мелени ореви или посно чоколадо... Јас на секоја коцка им ставив по едно чоколадно ливче кои се правени во силиконски модли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани