Испечати

Посен колач со алва

Посен колач со алва

Состојки

  • 2 мали шолји брашно
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 пециво
  • 1 мала шолја вода
  • 1 мала шолја шеќер
  • 3 мала шолја масло
  • 3 жичиња мармалад
  • Фил
  • 500 мл вода
  • 2 пакувања пудинг од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр алва

Подготовка

1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со дрвена лажица. Се истура смесата во длабока тава/плех од рерна и се пече на 200С-35мин.

2. Пудингот се вари во водата и внатре се додава шеќерот. Се лади пудингот и потоа се додава мекиот маргарин и се мати со миксер. Кога ке се добие хомогена смеса се додава алвата и таа во смесата. Се става филот врз печеното тесто и одозгора може да се стави мелени ореви или посно чоколадо... Јас на секоја коцка им ставив по едно чоколадно ливче кои се правени во силиконски модли.