Погачава е посна и ја правев за време на постите но дури сега и дојде редот.
Оваа форма ја избрав иако веќе е позната и изработена од други готвачи.

1. Квасецот се зафаќа со млаката вода, со 1 лајче шеќер и малку брашно.

2. Кога квасецот е стасан се замесува тесто (средно накај тврдо за да можи да се обработи) со брашното солта и маслото, се покрива и се остава да нарасне.

3. Кога тестото е дуплирано се премесува и се дели на 4 дела, секој дел со окалгија се развива во големина на тава со пречник од 30 см.

4. Првиот круг се мачка со стопениот маргарин, на него се става вториот круг, се мачка пак со маргарин, па третиот и тој се мачка и најгоре се става последниот 4 иссукан круг кој не се мачка.

5. Тестото се сечи на 16 делови (како на сликата) но не до крајот на кругот, и сите делови се извртуваат во ист правец, само не контра еден од друг.

6. Се остава пак на топло да нарасти и пред печење се мачка со сенф растворен со малку вода, се наросува сусам, се става уште некоја кришка маргарин и се печи на 200 степени околу 35 минути. Се лади и се јади!

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани