200 гр шеќер и 2 дл вода се ставаат во тенџере да зовријат.
Откако ќе зоврие се додава половина маргарин, 250гр мелени бискоти, 100 гр кокос и 2 лажици рум. Сето заедно се меша и смесата се става во намрсен плех.

За глазурата потребно е 100 гр. чоколадо за готвење да се растопи со 1-2 лажици маргарин и 1-2 лажици вода.
Глазурата се полива врз смесата.
Бајадерата е со вкус на рум, брзо се прави и најбитно евтина за правење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови